Лазаровски: Наместо да ја поздрави гасификацијата, Макрадули критикува

Од:

„Во моментот кога целата експертска јавност во областа на енергетиката го поздравува фактот што Македонија направи крупен исчекор во процесот на нејзино гасифицирање, СДСМ како и за сите други 2000 проекти кои ги направи Владата, не успева да ја скрие желбата да критикува и тоа да критикува без аргументи“. Вака реагираше Саш Лазаровски од ОК на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Јани Макрадули кој кажа дека Зоран Ставрески и пред две години потпишал сличен меморандум во Русија.

„Во овој случај јасни се фактите, се знаат субјектите на изведување, оформена е финансиската конструкција, се преговара за финална изведба на гасификацијата, а СДСМ повторно критикува. Македонија ќе направи крупен исчекор во своето енергетско функционирање и ќе обезбеди сигурен доток на гас за многу години одсега.

Јасно е. Желбата на господинот Макрадули е да искритикува се и по секоја цена.

Сепак, Макрадули треба да се потсети и на единствените крупни капитални проекти на СДСМ, како штедилницата “ТАТ”, како никогаш неизградената пруга до Бугарија, како патот Велес – Прилеп преку Бабуна на кој што во 1994 година Бранко Црвенковски му стави камен темелник и потоа ниту едно камче не помести за да тој се изгради, како 200 000 луѓе избркани од работа.

Е ова се капиталните проекти на СДСМ. За разлика од нив, ВМРО ДПМНЕ има за што да зборува, а граѓаните се тие на крај кој што правилно ќе оценат кој бил во право“, рече Сашо Лазаровски од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

До крај на годинава повеќе од милијарда евра директни странски инвестиции, најави Мицкоски

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски