Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Зоран Коњановски во рамки на својата работна посета на општина Чешиново-Облешево денеска се сретна со градоначалникот Костадин Личков и со земјоделеците од повеќе населени места од општината.
Градоначалникот Личков и заменик-министерот Коњановски разговарале за урбанизацијата на повеќе места во општината и привлекување странски капитал за изградба на преработувачки капацитети за ориз и за други земјоделски производи.
Обраќајки им се на земјоделците, заменик-министерот Коњановски истакна дека Кочанскиот крај, а со тоа и Облешево-Чешиново завземаат битно место во земјоделската карта на Македонија.
– Субвенциите минатата година достигнаа 4 милиони евра и нив ги кориостеа 3.500 семејства од регионот кои се занимаваат со земјоделство. Посебно водиме сметка за оризот. Површините во 2007 година беа 2.993 ха, а во оваа 2013 година достигна 4770 ха, со зголемување за 60 проценти и приноси од 6 до 7 илјади килограми од хектар, истакна Коњановски.
Средствата што ги добиваат земјоделеците од субвенциите, а тие изнесуваат по 12,000 денари за хектар оризопроизводство, Коњановски препорача да се користат за набавка на сертифицирани сорти ориз.
Коњановски ја посочи и успешната соработка со турската компанија „Тика“ во експерименталното производство на ориз на кочанските полиња, а на земјоделците од Облешево Чешиново им порача да се здужуваат меѓусебе и да формираат задруги.