Колагенот создава ситост и ја намалува желбата за слатка храна

Од:

Колагенот е основата за здрави коски, зглобови и видливо помазна и затегната кожа! Со додатокот во исхраната Peptan® Collagen Peptides од Натура Терапи, добиваме: еластичност на кожата, здрави зглобови и коски. Не помалку важно е да знаеме дека суплементите кои содржат колаген можат да играат важна улога во одржувањето на телесната тежина, па дури и во губењето на килограмите. Колагенот во прав ќе го намали апетитот за дури 40 отсто повеќе од протеинскиот прав. Исто така, ќе ја угаси желбата за слатка храна. На пазаров има и колаген со неодолива чоколадна арома и моќен витамин Ц, што може да биде добра алтернатива, за љубителите на слаткото.
Колагенот е најважниот протеин потребен за здравје и долговечност.

Нашето тело произведува колаген, но штом навршиме 20 години, производството се забавува, а по 40-тите години од животот имаме 50 отсто помалку колаген од количината што сме ја имале кога сме имале 20 години. Ова е една од причините зошто нашата кожа повеќе не изгледа младешки, зошто нѐ болат зглобовите, а косата ни станува потенка.

Стресот, храната со шеќери дополнително влијаат за губење на колагенот. Затоа е неопходно внесување колаген преку суплементи! Исто така кога сме настинати или болни или под голем физички и емоционален стрес, нашето тело не произведува доволно амино киселини кои го сочинуваат колагенот, и губи колаген.

“Додатоците во исхраната кои содржат колаген ја зајакнуваат кожата и на тој начин го спречуваат создавањето на брчки, целулит и стрии. Секојдневната употреба на колаген ќе ја хидрира кожата и ќе ја зголеми нејзината еластичност. За жените над 40 години, зголемувањето на производството на колаген е исклучително важно. За време на менопаузата, губењето на коскената маса се забрзува, и до 20 проценти, па затоа е важно жените да се грижат не само за убавата кожа, туку и за здравјето на коските”, вели нутриционистот Сашко Дрвошански.

Покрај суплементите, може да помогне и изборот на храна богата со витамини и минерали. Ова се трите намирници препорачани од нутриционистите: сардини, наут и јачмен.
Добрите колагенски производи даваат резултат. Но, за да се почувствуваат реални ефекти, потребно е користење подолг период, позитивни ефекти не се случуваат преку ноќ. Како што и не можете преку ноќ да ослабнеме или за неколку дена да имаме кондиција како маратонец. Како и за многу други работи така и за колагенот потребно е подолго време на употреба и придружни здрави животни навики.

Во продавниците на Натура Терапи можете да најдете високо квалитетен колаген од реномиран француски производител, со максимална флексибилност и ефикасност. Можете да го додадете во појадокот со овесна каша, во омилениот утрински кафе напиток, или пак во супа или во било кое јадење по слободен избор, и за само неколку месеци да почувствувате целосна трансформација на вашето тело!

Би можело да ве интересира

Здрав животен стил и алое вера, за имунитет и долгорочно здравје

Во лето да внесуваме колаген како додаток во исхраната, бидејќи сончевото УВ зрачење е причина плус за оштетување на молекулите на колаген и нивно губење во кожата