Кинезите тврдат каналот Дунав-Морава-Вардар е исплатлив

Од:

Прелиминарните резултати од студијата за каналот Дунав-Морава-Вардар покажуваат дека неговата изградба би била оправдана и исплатлива, изјави вршителот на должноста директор на српската Државна агенција за просторно планирање Драган Дунчиќ.

Кинеските експерти за неколку недели на Владата на Србија треба да и ги достават официјалните резултати.

– Претседателот Томислав Николиќ во текот на неодамнешната посета на Кина од својот домаќин доби краток преглед на студијата за оправданоста на каналот Морава што ја изработува кинеската државна компанија „Чајна гезуба корпорејшн“ и очекуваме во најскоро време, за неколку недели, да ни биде испорачана студијата за оправданоста, рече Дунчиќ на собирот „Дунав река на соработка“.

Според прелиминарните проценки на студијата, изградбата на каналот би чинела неспоредливо помалку отколку што до сега можеше да се слушне во јавноста.

Дунчиќ не кажа колку според најновите проценки би чинела изградбата на големиот проект и истакна дека треба да се почекаат официјалните резултати, коишто ќе дадат конкретни одговори дали проектот  во финансиска и економска смисла може да се реализира и е оправдан.

Претходно во јавноста се споменуваше дека изградбата на каналот Дунав-Морава-Вардар ќе чини меѓу 10 и 15 милијарди евра и оти Србија не би се задолжувала, туку е можно да го реализира проектот преку концесија.

Пловниот канал ќе има излез на Егејското море преку Вардар, а целиот проект, според досегашните најави, ќе биде  од големо значење, како системите Рајна-Мајна-Дунав, Одра-Висла или Сена-Рона.

Првично се проценува дека должината на пловниот канал Дунав-Морава-Вардар ќе биде околу 650 километри.

Проектот треба да биде мултифункционален и освен пловидбен систем ќе опфаќа и изградба на пет до седум хидроцентрали, ќе обезбеди заштита од поплави и ерозија, ќе овозможи наводнување на земјоделско земјиште и квалитетно  водоснабдување на населението, како и развој на туризмот.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ