„Кемет електроникс“ ја отвора фабриката во Бунарџик

Од:

Во технолошко-индустриската развојна зона Бунарџик денеска ќе биде отворена фабриката на американската компанија „Кемет електроникс“.

Првичната инвестиција е планирана на 12 милиони евра со 200 вработувања, а доколку се успешни, таа ќе достигне до 25 милиони евра и 500 вработувања.

Фабриката е изградена на локација од 4,4 хектари земјиште, а објектот зафаќа површина од 10 илјади метри квадратни.

Ова е четврта фабрика во Бунарџик. Камен-темелникот за нејзина изградба беше поставен на 30-ти јуни минатата година.

„Кемет електроникс“ е еден од најголемите светски добавувачи на производи што се користат во речиси сите електронски уреди. Компанијата е со седиште во Јужна Каролина.

Производствени објекти има во Мексико, Кина, Италија, Англија, Финска, Шведска, Португалија, Индонезија, Германија, Бугарија, како и два истражувачко иновациски центри во САД и Германија.

 

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

До крај на годинава повеќе од милијарда евра директни странски инвестиции, најави Мицкоски

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски