Избрани најдобрите 16 проекти што ќе бидат финансирани преку Фондот за иновации

Од:

Шеснаесет проекти од вкупно 78-те пристигнати на првиот јавен повик на Фондот за иновации и технолошки развој ќе бидат кофинансирани со цел да се поттикне иновативноста кај компаниите.

Половина од нив се од областа на информатичките технологии, а останатите се од други сектори како што се електроинженерството и од производството на кондиторски производи.

Од Фондот за иновации се задоволни од одѕивот на првиот повик за кој беа планирани 600 илјади евра за кофинансирање на проекти.

– Вкупниот буџет за целиот повик изнесуваше 600 илјади евра, меѓутоа ќе бидат доделени 450 илјади евра поради тоа што дел од апликантите не побараа максимална сума и поради тоа што бројот на апликанти што се избрани е 16, што значи дека онаа претпоставена бројка од 20 не ја постигнавме, но сме задоволни од изборот, истакна Јасмина Поповска, директорка на Фондот за иновации на денешната прес-конференција.

Останатите средства што не се искористени, како што појасни Поповска, ќе бидат искористени за следниот повик.

Претседателот на Комитетот кој ги оценуваше пристигнатите апликации, Ристо Калске оцени дека на повикот биле пристигнати квалитетни апликации и оти во Македонија има потенцијал за претприемништво.

– Имам чувство дека во Македонија постоела скриена желба и голем потенцијал да се биде претприемач, но досега не постоел национален канал преку којшто претприемаштвото ќе биде поддржано од страна на државата. Како резултат на ова, 25 проценти од вкупно пристигнатите 78 апликанти се компании кои се основани оваа година, нагласи Калске.

Тој додаде дека споредбено со Србија, каде на првиот јавен повик се финансирани шест успешни апликации, во Македонија оваа бројка е значително поголема.

Првиот јавен повик беше отворен до 18 април и беше наменет за старт-ап и спин-оф трговски друштва. Целта беше да се поттикне иновативноста и претприемништвото кај микро, малите и средните претпријатија.

Фондот за иновации за следните неколку години има на располагање вкупно 10 милиони евра, а за следниот повик се планирани еден милион и 700 илјади евра.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ