Сојузот на стопански комори ја организира осмата по ред манифестацијата Избор на претприемач на годината за 2014.
На најуспешните претприемачи за микро и мали претпријатија ќе бидат доделени награди, а Министерството за економија ќе додели посебна парична награда за најиновативна компанија од технолошки аспект.
Изборот преприемач на годината го организира Соузот на стопански комори на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Министерството за економија, Македонската развојна фондација за претпријатија и Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење.