По деветти пат годинава ќе биде доделена наградата „Претприемач на годината“, чија цел е да се поттикне претприемачкиот дух во земјата преку промоција на успешни примери.
И годинава ќе се изберат најуспешните претприемачи на микро и мали претпријатија во Македонија. Претселекцијата за избор на „Претприемач на годината – 2015“ беше направена врз основа на податоците од Централниот регистар на Република Македонија.
Мнифестацијата за избор на „Претприемач на годината 2015“, која ќе се одржи денеска, е во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија, Македонската развојна фондација за претпријатија, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Националниот центар за развој на иновациите и претприемачкото учење.
Институционален покровител на манифестацијата е Министерството за економија на Република Македонија.