Италијанска компанија ги разгледува можностите за инвестирање во Македонија

Од:

Сопственици на италијанска меѓународна компанија, која има над 10.000 вработени во Италија и Романија, деновиве беа во посета на Македонија со цел да ги разгледаат можностите за отварање на контакт центар.

Домаќин и организатор на посетата е министерот за странски инвестиции Џери Наумоф, а посетата е договорена на неговиот состанок со основачите на компанијата во јуни на бизнис патување во Италија.

– Сопствениците на компанијата се позитивно изненадени од поволната бизнис клима во Македонија. Компанијата ќе донесе вработување на млади факултетски образовани луѓе, со добри јазични вештини по италијански, германски и англиски јазик, изјави Наумоф.

Тој посочи дека резултат од истото патување во Италија е официјалното отворање на канцеларијата во Скопје на претставник на Адвокатската фирма Студио Легале Алесандро и Франческо Дањино, која има свои канцеларии во Милано, Рим и Палермо. Канцеларијата во Македонија, која ќе им служи на италијански клиенти, веќе има неколку вработени. 

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

До крај на годинава повеќе од милијарда евра директни странски инвестиции, најави Мицкоски

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски