Инвеститорите од организацијата „Тика“ од Турција во Кичево

Од:

Инвеститорите од организацијата „Тика“ од Турција вчеравечер престојуваа во Кичево за да ги посетат местата каде што беа реализирани нивните инвестиции во соработка со Општината.

Се работи за теќето што е изградено во изминатиовпериод во овој град, новиот изграден дел на објектот на средното училиште, како инеколку патишта во градот и на периферијата, проекти што се финансирани од оваа организација од Турција последниве години.

Директорот на „Тика“ задоволен што нивните инвестиции најдоа свое место во Кичево и ги задоволија потребите на граѓаните.

„Се работи за сериозни инвестиции што оваа организација ги има направено последните години во Кичево и јас ја имам честа денеска во Кичево да го пречекам директорот за да го направиме свеченото отворање на новото теќе во Кичево.

– Им се заблагодарувам и истовремено се надевам дека нашата соработка ќе донесе нови добрини за граѓаните на Кичево“, рече градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари.

Ф.Д.

 

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

До крај на годинава повеќе од милијарда евра директни странски инвестиции, најави Мицкоски

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски