Инвеститори од Турција заинтересирани за инвестирање во Неготинско

Од:

Интерес за инвестирање во откупно-дистрибутивен центар за овошје во Неготино покажаа инвеститори од Турција, соопшти денеска градоначалникот на неготинската општина Ванчо Апостолов.

– Турците се заинтересираа за нашата нова индустриска зона, Црвени Брегови. Таму локалната самоуправа Неготино обезбедува комунално инфраструктурни предуслови за изградба на вакви и слични капацитети. Ќе сториме се што е во наша можност како локална самоуправа да донесеме една ваква инвестиција на неготинска територија, изјави градоначалникот Апостолов по средбата со турска делегација од Кемал Паша во Турција.

Тој додаде дека Општината е насочена кон привлекување домашни и странски инвестиции.

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

До крај на годинава повеќе од милијарда евра директни странски инвестиции, најави Мицкоски

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски