Инвестициски самит: Инвеститорите ја познаваат Македонија, би вложиле во повеќе сектори

Од:

Потенцијалот за инвестирање во Македонија е навистина голем, а причина за тоа е што инвеститорите се запознати со географската положба, довербата што се гради и транспареноста. Сектори во кои би влегле нови инвестиции се автомобилската, машинската, прехранбената индустрија, земјоделскиот сектор, како и изработка на медицински делови.

Ова го посочија владини претставници кои учествуваат на денешниот втор Глобален инвестициски самит во Охрид.

Според министерот за привлекување странски инвестции Џери Наумоф, повеќе инвестиции од дијаспората ќе има кога ќе ја запознаеме дека во Македонија има добри политики со кои ќе се заштита нивните инвестиции.

– Верувам дека кога се повеќе луѓе и повеќе држави ќе видат колку се инвестира тука ќе почнат и тие да доаѓаат, изјави Наумоф и додаде дека има тројца инвеститори од дијаспората кои работат веќе во Македонија.

Министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак, истакнувајќи дека на самитот се присутни голем број менаџери од странски фирми кои ги разгледуваат можностите за инвестирање во Македонија, рече дека некои од нив се првпат дојдени во земјата и оти со нив водат разговори за тоа што може да им се понуди.

Геннерално, потенцира, секторите од каде што имаме најголем успех се од автомобилската, машинската и прехранбената индустрија и земјоделскиот дел каде има се поголем интерес, како и делот каде што има медицински делови.

Живко Мукаетов, член на Бордот директори на „Македонија 2025“, истакна дека организацијата поставува дефинитивно сериозен мост на соработка меѓу бизнис заедницата во Македонија и меѓу бизнис заедницата на Македонците кои живеат надвор од неа.

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски потенцира дека Глобалниот инвестициски самит е комплеметарен со сите стратегии на Владата што се прават со цел зголемувње на конкуреноста на македонската економија.

– Сите добро поставени политики се комплементарни една на друга. Она што очекуваме, покрај делот за добивање идеи за конкурентноста е и пред некои од инвеститорите кои се присутни тука да ја презентираме Македонија, да ги запознаеме со нашите инвестициски можности и да ги привлечеме во насока и тие да инвестираат и да отворат нови работни места, рече Пешевски.

На Вториот Глобален инвестициски самит што се одржува денеска и утре главни теми се конкуреноста, иновациите и претприемништвото. Учествуваат над 350 учесници од 20 држави.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ