Индискиот мултимилијардер во посета на Македонија

Од:

Индискиот мултимилијардер, основач и сопственик на компанијата Сахара Индија Паривар, Субрата Рој, пристигна во тридневна посета на Македонија.

Субрата Рој, кој е еден од највлијателните луѓе во Индија и најголем приватен работодавач во Индија, доаѓа по поканата од македонската Влада која му беше упатена во текот на економската турнеја во Индија.

Субрата Рој ќе посети повеќе локации каде би можел да оствари инвестиција, а таргет се земјоделството, образованието и туризмот.

Рој има вработено околу два милиони луѓе, тежи околу 6.5 милијарди долари и работи во голем број бизниси, како во финансиите, осигурувањето, градежништвото, изградба на болници, универзитети.

Индискиот мултимилијардер изутринава на скопскиот аеродром го пречека министерот за финансии Зоран Ставрески.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ