Индискиот бизнисмен Субрата Рој на прием кај претседателот Иванов

Од:

Индискиот милијардер Субрата Рој, кој престојува во Република Македонија денеска ќе биде примен од претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов во претседателската вила „Водно“.

Субрата Рој вчера беше во Охрид за да ги претстави плановите за инвестирање во Македонија и ја посети локацијата кај Љубаниште каде што треба да гради туристички комплекс на крајбрежјето на Охридско Езеро.

Рој, за време на престојот,  ќе разгледа и други инвестициски можности во земјава во областа на земјоделството, туризмот и други економски сектори.

Домаќин на Субрата Рој е вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

До крај на годинава повеќе од милијарда евра директни странски инвестиции, најави Мицкоски

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски