Под наслов „Имам идеја за бизнис, сега што?“ денеска во Скопје ќе се одржи првата од двете работилници посветени на претприемништвото на која ќе говорат Мади Шарма, претприемач, и нејзиниот тим.
Мади Шарма е жена- претприемач, која ја основа, инспирира и мотивира МАДИ Груп, групација на меѓународни приватни компании, социјални претпријатија, како и меѓународна глобална мрежа на независни и непрофитни организации иновативни идеи прилагодени за локални активности кои имаат глобално влијание и придонесуваат кон одржливо општество.
За своето глобално делување таа има добиено повеќе признанија меѓу кои Achievement и UK Best Boss, а британската Влада ја именуваше и за свој претставник во Европската економска и социјална комисија.
За неа во оваа година е снимен и документарниот филм, кој наскоро треба да премиерно да биде прикажан.
Еднонеделната работна посета на Македонија, Мади Шарма ќе ја искористи и за низа средби со бизнис заедницата и невладиниот сектор, со цел да ги запознае со нејзината нова инвестиција во Македонија, Бизнис Комплексот КоСид кој треба дa започне со работа восептември годинава.