Овие средства, со кои ќе биде субвенциониран околу третина од проектот, вреден 94. милиони евра, ќе бидат одобрени како дел од владините напори за поттикнување на инвестициите кои се главен приоритет, но кои често се одложуваат поради бирократски процедури, пренесува АФП.
Грчката влада во Мај даде “зелено светло” за проектот, наведувајќи дека изградбата на патеката ќе го поттикне развојот на туризмот и ќе отвори нови работни места, во земја каде строгите мерки на штедење и петтата година на рецесија предизвикаа невработеноста да порасне на над 20 проценти.
Тркачката патека, која ќе ја изгради грчка градежна компанија “Avtokinitodromio Патрас”, чека одобрение од владините органи.
Градот Патрас е домаќин на Ф1, самата патеката би требало да биде изградена во согласност со меѓународните стандарди, а рокот изградба е три години.
Грчките лидери со години спорат за изградбата на патека за Формула 1, наидувајќи на отпор кај граѓаните и борците за заштита на животната средина.
Грција има потрошено 8,95 милијарди евра на Олимписките игри во Атина во 2004 година. вклучувајќи 7,2 милијарди евра за изградба на инфраструктура, според опозициската партија Siriza.
Министерството за развој, исто така, го најави пуштањето на кредитната линија од 29,25 милиони евра за финансирање на изградбата на фабрика за соларни панели на североисток на земјата и ослободување на 15 милиони евра за реновирање на луксузниот хотел “Elounda беј”, на островот Крит.