Хрватски Кумeл ќе инвестира во Македонија

Од:

Хрватската компанија Кумел ќе гради погон за производство на термоизолациски материјали во Технолошко-индустриската развојна зона во Штип.

Инвестицијата е вредна седум милиони евра и се очекува таа да донесе 50 директни и 100-тина индиректни вработувања. Погонот ќе се протега на површина од 25 илјади метри квадратни и планирано е неговата изградба да почне во пролет идната година.

Директорката на компанијата Александра Лалиќ по денешната средба во Владата со премиерот Никола Груевски изјави дека донеле одлука за инвестирање во Македонија поради поволната местоположба на државата и оптималните услови што им биле понудени за инвестирање.

– За донесување на една ваква одлука пресудни беа повеќе фактори како што се близината со Бугарија, Косово и Србија кои за нас се интересни за извоз, како и добрите услови што ни беа понудени како работната сила и даноците кои се регулирани на начин што на нас ни одговара. Затоа се одлучивме за оваа инвестиција која е во висина од седум милиони евра, изјави Лалиќ.

Таа и се заблагодари на Владата за тоа што им понудила најповолни услови за инвестирање.
Според директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриските развојни зони Виктор Мизо, важно е тоа што само два месеца по официјалното отворање на ТИРЗ во Штип веќе има интерес од нова компанија да инвестира.

– Она што е важно е дека само два месеца по отворањето на зоната во Штип имаме нова компанија која ќе ја реализира својата инвестиција. Погонот ќе се протега на површина од 25 илјади квадратни метри. Со завршување на проектот се очекува во првата половина на мај да се започне со градба и шест месеци оттогаш, односно ова време идната година производствениот капацитет да биде завршен, истакна Мизо.

Во моментот хрватската компанија е во фаза на подготовка на проектната документација потребна за изградба на погонот во Штип.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ