Групацијата АРИКОМА ја презема шведската компанија Stratiteq

Од:

Кон крајот на 2020 година, групацијата АРИКОМА, ИТ холдинг, во сопственост на чешката KKCG, ја купи компанијата за развој на софтвер и консалтинг, Сеавус. Деновиве, АРИКОМА направи уште еден чекор кон својата меѓународна експанзија, преземајќи ја шведската компанија Stratiteq. Со оваа аквизиција, АРИКОМА ќе ја зајакне својата позиција не само на пазарите во Шведска и Скандинавија, туку пред сѐ во областа на деловните решенија базирани на податоци и стратешки консултации. Stratiteq, со канцеларии во Малме и Стокхолм, носи над 100 нови вработени во АРИКОМА.

„Во Stratiteq, гледаме комапнија со големи вредности и со одлични луѓе. Нивното портфолио е импресивно, со многу иновативни проекти и за регионални и за меѓународни компании како што се Haldex, Skånetrafiken, Securitas, и Vattenfall. Тие го знаат целиот процес на работа – од напреден развој на софтвер, до иновативни стратегии кои го трансформираат начинот како компаниите можат да работат во дигиталниот свет базиран на податоци. Тие ќе ја зајакнат нашата групација, а ние ќе го забрзаме нивниот раст. Станува збор за совршено вклопување“, вели Лудовик Гауде, раководител на секторот за развој на софтвер (custom software development) во групацијата АРИКОМА.

Јохан Алквист, претседател на Одборот на Stratiteq, додава: „Задоволни сме што се приклучивме на групацијата АРИКОМА. За нас, ова е природен чекор во приказната на Stratiteq, со брзо следење на новата стратешка насока што ја започнавме во 2020 година, истовремено почитувајќи ги основните вредности на кои е основана компанијата пред 17 години. Со нетрпение очекуваме да работиме со компаниите во групацијата и заедно да создаваме иновативни решенија.“

Групацијата АРИКОМА работи кон тоа да стане силен европски играч во областа на ICT и SW решенија. Според Микал Томанек, директор за инвестиции во KKCG, оваа аквизиција е уште еден чекор кон таа цел: „Stratiteq ќе нѝ помогне не само да го збогатиме нашето портфолио во Скандинавија, туку и да ги подобриме нашите способности во исклучително атрактивниот простор на дигиталната трансформација.“

Со оваа аквизиција, сите операции и деловни активности на Stratiteq ќе останат непроменети во блиска иднина. Групацијата АРИКОМА е посветена на одржување на лидерството и основните вредности врз кои е изградена компанијата.

Френк Хенекенс, извршен директор на Stratiteq, вели: „Имаме големи амбиции и досега бевме 100% фокусирани на создавање сопствен раст. Веруваме дека нашата компетентност е природно дополнување на оваа групација и возбудени сме што ќе станеме дел од неа. Таа има и знаење и сила да нѝ помогне да го развиеме нашиот бизнис.“

Договорот за продажба на 100% удел во компанијата беше потпишан овој понеделник, од страна на сопствениците на Stratiteq и претставници на АРИКОМА. Трансакцијата сѐ уште е предмет на одобрување од страна на соодветните анти-монополски канцеларии и се очекува да заврши на почетокот на октомври.

Откако ќе заврши овој процес, Групацијата АРИКОМА ќе се состои од 9 компании со консолидиран промет од над 340 милиони евра и EBITDA (заработка пред камати, даноци и амортизација) од речиси 37 милиони евра, со над 3.000 вработени.

Би можело да ве интересира

Стратешкиот чешки инвеститор, Групацијата АРИКОМА, најавува продолжување на инвестициите во ИТ експерти во Северна Македонија

Жарко Настоски