Груевски: Поддршка на градежништвото и странските инвестиции не извлекоа од рецесија

Од:

Фокусот на градежништвото и на привлекување крупни  мултинационални компании во услови на светска криза беа клучни за излез од рецесија на македонската економија, оцени премиерот Никола Груевски коментирајќи го растот на БДП од 0,2 проценти за третиот квартал од годинава што вчера го објави Државниот завод за статистика.

– Ме радува овој податок затоа што денеска во време кога голем број од државите во Европа се уште тонат во рецесија или некои од нив штотуку влегуваат, со сите напори што ги направивме за раздвижување на економијата се успеа некако да се излезе од рецесијата. Успеавме да ги раздвижиме работите иако тоа не е доволно. Јас би сакал да биде уште повеќе и уште подобро и ќе работиме на тоа, изјави Груевски.

За излезот од рецесијата, појасни, клучни се две работи – големата поддршка на градежништвото и странските инвестиции.

– Многу се фокусиравме на градежништвото и отворивме голем фронт на градежни работи иако  не критикуваа зошто се гради ова или она, но тоа на некој начин ја влече економијата во овие години, првин на светска криза, а потоа и и на европска должничка криза.  Втората значајна работа е што успеавме да привлечеме крупни компании што сега се главно моторна сила на економијата. Оваа година Џонсон Мети го зголемува извозот за 18 проценти, а Џонсон Контролс за 10 проценти. Планираат и следната година зголемување на извозот,  укажа премиерот.

Фокусот на градежништвото и на привлекувањето крупни мултинационални компании, нагласи, биле клучни за излез од рецесија во услови на светска криза, но и многу други активности и мерки на Владата и реформски движења со коишто се подобрени условите за водење бизнис и е помогнато на многу компании.

– Се разбира има уште многу простор да се помага во иднина и ќе направиме се што е во наша моќ, ќе ги прибираме и прифаќаме сите добри идеи, но во овој период тоа беше носечка сила и главен мотор, посочи Груевски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ