Груевски ги повика иселениците да инвестираат во Македонија

Од:

Премиерот Никола Груевски на третата конференција на иселеничките организации која се одржува во Скопје им оддаде признание на иселениците од Европа, Австралија и Северна и Јужна Америка за зачувување на врските со својата држава, на зачувувањето и промовирањето на националниот и културниот идентитет на Македонците во светот.

„Македонската дијаспора претставува значаен и нераздвоен дел на секоја држава. Вашата истрајност во негувањето, развивањето и афирмацијата на македонскиот национален, културен, јазичен и духовен идентитет го потврдивте во повеќе наврати преку вашите активности во бројните здруженија, црковните општини, културни друштва, хуманитарни организации, спортски клубови, играорни друштва и слични организации.

– Тие повеќе од сите други сведочат дека чувството за македонските корени не е ниту малку заборавено, напротив дека е широко распространето насекаде низ светот каде живеат Македонци, истакна премиерот и додаде дека негувањето и унапредувањето на врската на Македонците од дијаспората со својата татковина, како и нивната инволвираност во развојот на земјата се едни од најзначајните интереси и приоритети на Владата“, рече Груевски.

Груевски ги повика ислеениците да инвестираат во Македонија посочувајќи ги реформите што Владата ги презеде за да ја подобри бизнис-климата.

„Очекуваме вие да најдете цврст економски бизнис-интерес во таквите проекти. На наша страна е да создадеме соодветна бизнис-клима. Емотивната страна во сето тоа треба да биде, условно да кажеме, некој вид катализатор. На ваша страна тоа да биде исполнување на желбата да бидете во што е можно потесен контакт со татковината“, се обрати пред дијаспората премиерот Никола Груевски.

 

 

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

До крај на годинава повеќе од милијарда евра директни странски инвестиции, најави Мицкоски

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски