„Гришко“ отвора фабрика за балетска опрема во Слепче

Од:

 Во демирхисарското село Слепче денеска попладне официјално ќе биде отворена фабриката за  производство на балетски обувки и опрема „Гришко Македонија“, која е  гринфилд-инвестиција на познатата руска компанија.

„Гришко“ произведува папучи, чевли за сите танцови стилови, театарски костими, облека за фитнес, јога и други слободни спортски активности. Производите ги има во над 60 земји на повеќе континенти.

Директорот на „Гришко“, Николај Гришко, во  октомври минатата година беше во Македонија и имаше средби со министерот за странски инвестиции Бил Павлески и со министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, кога искажа подготвеност за поддршка на балетската уметност во Македонија и подобрување на условите во кои работат играчите на Балетот.  На средбата во Министерството за култура тогаш тој донираше и книги – стручна литература  од областа на балетот.

На свеченото отворање на фабриката денеска ќе се обрати министерот Павлески, а по  официјалниот дел, Македонската опера и балет ќе одржи концерт во Домот на културата во Демир Хисар.

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

До крај на годинава повеќе од милијарда евра директни странски инвестиции, најави Мицкоски

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски