Грчката Влада ќе го зголеми лимитит за повлекување пари од банките

Од:

Владата во Атина планира да ја зголеми до две илјади евра горната граница на сумата на средства што граѓаните можат ги повлечат од банките.

Мерката е во рамки на уште едно намалување на капиталните ограничувања во Грција, воведени пред една година со надеж дека клиентите ќе вратат дел од парите, кои панично ги повлекуваа од банките поради кризата, пишува весникот „Етнос“.

Во моментов Грците можат да повлечат до 840 евра од банките. Зголемувањето на лимитот е на барање на Грчката асоцијација на банките.

Планот на Владата предвидува Грците да можат да ја повлекуваат целата сума еднаш месечно. Ќе им биде овозможено исто така слободно да отвораат и нови банкарски сметки. Досега ваква можност имаше само една конкретна група луѓе, како на пример грчките студенти во странство.

За да се реализира ова олабавување на капиталните ограничувања потребно е зелено светло да биде дадено и од кредиорите на Грција. Тоа се очекува да се случи, откако тие ќе ја завршат втората проверка на грчката програма, додава весникот.

Би можело да ве интересира

На атинското пристаниште во контејнер со банани пронајдени 100 килограми кокаин

Катерина Ѓуровски