Делегација од Општина Студеничани предводена од градоначалникот Азем Садики, претседателот на Советот на Општината Ќенан Имери и Мервет Муслиовски беа на пет-дневна посета на Република Турција.
Ова е прва официјална посета на градоначалникот на општина Студеничани надвор од земјаве по преземање на функцијат градоначалник на опстина Студеничани на последниве локлани избори.
Градоначалникот на Студеничани беше специјален гостин на градоначалникот на Турскиот град Бурса г.Реџеп Алтепе во рамките на деновите кој го обележуват ослободувањето на градот Бурса.
-Имав средба со градоначалникот на Бурса г.Реџеп Алтепе, во име на граѓаните на општина Студеничани и доделив признание во знак на благодарност за досегашната соработка. Во средбата со него разменивме мислења и искуства. Ке ни биде голема чест ако ни се овозможува нашата општинска администрација да го пратиме на привремена обука во Бурса со цел да се разменат искуства но и да научат од нив како функсионира општинската администрација. Имам впечаток дека локалната власт во Р.Турска треба да служи како пример и модел како треба да се работи и исвршуват комуналните услуги према граѓаните- вели Азем Садики, Градоначалник на Општина Студеничани по неговото враќањето од Турција.
Градоначолникот Садики во Бурса се сретна и со помошник секретарот на Градот за Урбанистичко Планирање г.Бајрам Вардар и помошник генералниот секретар на Градот г. Неџметин Шеноџак. За време на престојот во Стопанската комора за трговија изанаетчиство (BTSO), делегацијата од општина Студеничани имаше средба и со помошник преседателот Др.Мустафа Есгин кој организирал и една работна средба со познати бизнисмени од Бурса.
-Имав можност и чест да им се обратам и да им ги презентирам плановите на нашата општина како и сите предности кој ги нуди нашата општина за тие да доагат да инвестират во нашата општина. И во ова средба но и во поединечните посети на големи фирми ги поканив да доѓат и да инвестирата во нашата општина- информира Садики.
Градоначалникот на Студеничани Азем Садики во Бурса се сретна и со г-ѓ. Генџај Ероглу- Директор на Одделот за Млади и Спорт наТурската Република на Северен Кипар.
-Во средбата со г-ѓ.Ероглу се согласивме за во иднина да ја продлабочиме соработката во сферата на културата и спортот. Ни беше чест во рамките на нашата посета да бидеме и гости на финалето на Балканскиот Фестивал на Културно Уметнички Друштва- вели Садики.
Садики заедно со Градоначалникот на Бурса г.Реџеп Алтепе учествуваше на официјалното отворање на новите канцеларии наФедерацијата на Балкански културни уметнички друштва од балканските земји.
Во последните два дена од посетат во Турција, делегацијата на Општина Студеничани предводена од градоначалникот Азем Садики, ги поминуваше со работни активности во градот Мерсин.
-Бевме таму за да и доделиме признаније во има на граѓаните на општина Студеничани на бизнисменот и сопственикот на компанијата САДАМИР г.Садула Џанбек, кој пред неколку месеци и додели на нашата општина еден нов камион и 100 континјери за потребите на Комуналното Претпријатие на Општината. За наша чест и во Мерсим имавме работна вечера со познати бизнисмени кој исто така ги информиравме за можностите кој ги нуди нашата општина за тие да доѓата и да инвестирата- истакна Садики.