Германската компанија Кеслер ќе произведува електромотори во Македонија

Од:

Директорот на ДТИРЗ Александар Младеновски денеска во просториите на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, потпиша договор за реализација на инвестицијата на германската компанија Кеслер во ТИРЗ „Скопје 1”.

Согласно договорот компанијата добива на користење градежно земјиште со површина од 1,3 хектари,а според најавите од компанијата предвидена е изградба на објекти во две фазиво кој ќе се врши производство на електромотори. Во рамки на инвестицијата предвидено е и воспоставување на центар за заеднички и инжинерски услуги и развој на нови производи на компанијата Кеслер во Македонија.

Компанијата Кеслер најави дека планира да започне со работа кон крајот на 2018-та година, а производството ќе биде наменето за германскиот пазар.Се планираат најмалку 80 работни места во наредните три години, машински и електро инжинери, како и друг висококвалификуван кадар. Од Кеслер информираат дека веќе имаат стапено во контакт со високо образовни институции во нашата земја и планираат соработка со техничките средни училишта. Компанијата планира соработка и со домашни добавувачи за набавка на суровините потребни за нејзиното производство.

Како производител наалатки и системизамашинска обработка и брусење, електромотори, деловиза CNC машини, индустриска електроника итн, компанијатаКеслер иманад 90 годишнатрадиција. Ова е нејзина прва инвестиција во производствени погони надвор од матичната земја и ќе биде прва фабрика од ваков тип во Македонија..

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

До крај на годинава повеќе од милијарда евра директни странски инвестиции, најави Мицкоски

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски