Германска компанија ќе отвори фабрика за електроника во Македонија

Од:

Германска компанија е заинтересирана да инвестира во Македонија. Наскоро планира да отвори фабрика за електроника во Велес со што ќе се отворат околу 600 нови вработувања.

Ова го најави премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на синоќешниот митинг на коалицијата „За подобра Македонија“ на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

– Министерот Веле Самак ме информираше дека со успех завршиле преговирите со еден германски гигант и дека тие планираат наскоро нова фабрика кај Велес за електроника во која ќе вработат нови 600 невработени луѓе, истакна Груевски.

Говорејќи за поволната економска клима во државата и за рангирањето на Македонија според Светската банка, Груевски рече дека со конкретни дела досега биле привлечени голем број инвеститори како што се Џонсон Контролс, Џонсон Мети, Кемет електроникс, Кромберт и Шуберт и други.

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

До крај на годинава повеќе од милијарда евра директни странски инвестиции, најави Мицкоски

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски