Германска компанија ќе инвестира во Македонија, нови 500 вработувања

Од:

Германската компанија „Техникал текстил“ ќе инвестира во Македонија. Со оваа нова инвестиција што вечерва ја најави сопственикот на компанијата, во првата фаза ќе се отворат од 500 до 600 работни места.

Станува збор за компанија која се занимава со производство на изолациони материјали за градежната, автомобилската и авионската индустрија.

Во првата фаза планирано е да бидат инвестирани 12 милиони евра, а фабриката во Македонија ќе биде лоцирана во технолошко-индустриската развојна зона во Штип. Согласно планот, се очекува изградбата на фабриката да започне од август годинава.

Планираниот извоз во првата година ќе биде меѓу 20 и 30 милиони евра, но за две до три години се очекува негово зголемување.

– Ова е одлично место за нас. Давачките се ниски, има поволни услови за водење бизнис и квалификувана работна сила. Земјата е убава и луѓето се многу пријатни, изјави сопственикот Џенс Вандланд по средбата со премиерот Никола Груевски.

Македонија е избрана во конкуренција со голема слободна економска зона во Абу Даби.

– Компанијата ги разгледувала можностите за инвестирање во Абу Даби, но целиот процес на пример на издавање на градежна дозвола траел повеќе од две години. Случајно при патување, сопственикот на компанијата во економски магазин во Германија видел напис каде Македонија е споредена со други земји од гледна точка на даноците. Неколку дена подоцна дојде во Македонија и многу брзо му беа дадени сите потребни информации за инвестирање, истакна директорот на Дирекцијата на технолошко-индустриските развојни зони Виктор Мизо.

Фабриката во Македонија ќе биде петта по ред по веќе постоечките во Германија, Словачка и Кина.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ