Германци ќе инвестираат во Македонија

Од:

Германски компании од прехранбената индустрија и рударството ги разгледуваа денеска можностите за проширување на бизнисите во Македонија.

– За германската индустрија суровините имаат централно значење во 2012 година и е од огромно значење тие добро и безбедно да се обезбедат. Заедно со Стопанската комора од Кемниц изработивме студија за да го одредиме потенцијалот на Македонија во оваа област и сигурни сме дека тоа ќе биде интересно за цела Германија, а не само за Западна Саксонија – изјави Михаел Шмит, директорот на Претставништвото на германското стопанство во Македонија.

За Хорст Рихтер од Стопанската комора во Кемниц, целта им била да видат колку Македонија е конкурентна во однос на другите земји.

– Како покраина сме мали и немаме големи концерни, но имаме средни претпријатија кои имаат интерес да инвестираат во Македонија – рече Хорст Рихтер од германската Стопанска комора.

Проценките добиени од геолошките испитувања покажуваат дека ресурсите и резервите во делот на метали суровини во Македонија изнесуваат 471 милиони тони и 106 милиони тони во неметални суровини.

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

До крај на годинава повеќе од милијарда евра директни странски инвестиции, најави Мицкоски

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски