Стопанската комора на северозападна Македонија со поддршка на УСАИД и Епи центар денеска организира форум за регулативата од областа на просторното планирање, градежното земјиште и постапките за градење.
На форумот ќе стане збор за правните основи по кои можат да се поведуваат постапки согласно Законот за градежно земјиште и за утврдувањето на цената на градежното земјиште (во кои случаи има повластена цена и дали е тоа оправдано), а ќе се анализираат и проблемите со запишаните кориснички права на физички и правни лица и на субјекти кои не постојат, како и начините на бришење на корисничките права според Законот за приватизација и закупот на градежно земјиште во државна сопственост.