Фон дер Лајен: Цените на бензинот сега се пониски отколку пред руската инвазија

Од:

Цените на бензинот сега се пониски во ЕУ отколку пред руската инвазија на Украина, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

„Мораме да продолжиме да го зголемуваме притисокот врз Русија и, се разбира, ќе продолжиме со нашата непоколеблива поддршка за Украина“, додаде таа на прес-конференцијата.

На почетокот на шестмесечното претседавање на Шведска со Европската унија, Фон дер Лaјен рече дека за осум месеци од почетокот на конфликтот во Украина, Русија го намалила снабдувањето со гас на ЕУ за 80 отсто, но дека ЕУ компензирала за ова со диверзификација.

„Напорната работа се исплатеше. Цените на бензинот сега се пониски отколку пред руската инвазија“, рече таа на заедничката прес-конференција со шведскиот премиер Улф Кристерсон во Кируна, Шведска.

Би можело да ве интересира

Проширувањето на ЕУ останува клучен приоритет на ЕК и Фон дер Лајен, вели Подеста

Фон дер Лајен: Сметаме на Србија да покаже посветеност на напредокот на патот кон ЕУ

Фон дер Лајен: Се надевам сите партии ќе ги поддржат уставните промени бидејќи се работи за вашата иднина

(ВИДЕО) Фон дер Лајен: Се стремиме да го отвориме првиот кластерот оваа година

Фон дер Лајен пречекана од Ковачевски пред Владата со највисоки државни почести

Фон дер Лајен: Мора да му се суди на Путин за злосторствата во Украина

Горан Наумовски