Flex Broker: Стратешкиот мост меѓу клиентите и современите осигурителни решенија

Од:

По повод Денот на осигурувањето и 16 години од основањето на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), осигурителната индустрија во земјава ја потврди својата зрелост, стабилност и важна улога во креирање сигурна економска иднина. Меѓу учесниците кои го одбележаа овој значаен настан, своето прво официјално присуство го имаше и новото брокерско друштво Flex Broker, претставувано од Александар Атески.

„Горд сум што учествував на прославата на 16 години постоење на АСО и Денот на осигурувањето, настан кој го одбележува растот, сигурноста и зрелоста на осигурителниот пазар во Македонија“, изјави Атески. „Ова беше прво мое учество како претставник на Flex Broker и вистинска чест е што како ново лиценцирано брокерско друштво имаме можност да бидеме дел од индустријата што создава стабилност, доверба и сигурност за граѓаните и бизнисите.“

Flex Broker е дел од Flex Group и со своето портфолио на осигурителни услуги поставува високи стандарди на пазарот. Од компанијата велат дека нивната мисија е едноставна, но значајна:

• Да го направат осигурувањето подостапно;
• Да донесат ново ниво на услуга и професионализам;
• Да градат доверба со секој клиент со транспарентност, грижа и квалитетна поддршка.

„Со најголема дистрибутивна мрежа во земјата и тим кој верува во оваа мисија, сигурноста почнува со нас!“, потенцира Атески.
Flex Broker нуди широк спектар на осигурителни решенија, прилагодени на индивидуалните потреби на клиентите, од домаќинско осигурување, КАСКО и автоодговорност, преку патничко осигурување и зелен картон, до приватно здравствено осигурување. Компанијата работи како брокерско друштво кое со партнерства со водечки осигурителни компании ги обезбедува најсоодветните покритија на пазарот, со фокус на професионална поддршка, транспарентност и грижа кон клиентот.

Flex Broker ја гледа својата улога како мост меѓу клиентите и осигурителниот систем, партнер кој не само што продава полиси, туку создава долгорочни релации засновани на разбирање, етика и поддршка во клучни моменти. Со ваков пристап, компанијата се позиционира како свеж и иновативен играч на пазарот кој носи нова енергија и пристапност во сферата на осигурувањето, токму кога на пазарот му се потребни токму вакви решенија.

ПР текст

Би можело да ве интересира

Успешно заокружен првиот циклус од Лидерската академија на Flex Group: Стратешка инвестиција во развој на менаџерскиот кадар

Стратешка експанзија на Flex Group: Влегуваме на пазарот за софистициран внатрешен дизајн со Kave Home

Едукација под отворено небо и поддршка за згрижувачките куќи: Нова заедничка активност на Flex Credit и СОС Детско село

Ново инклузивно мултифункционално спортско игралиште во Куманово – инвестиција во младите и заедницата

Нов дом за желките Sulcata во Скопје ЗОО: Инвестиција на Flex Credit за поубаво искуство на најмладите

Flex Group ја лансира Flex Group Leadership Academy – стратешка иницијатива за развој на лидерството во организацијата

Катерина Ѓуровски