Флекс Кредит и СОС Детско село продолжуваат со успешната соработка трета година по ред !

Од:

Флекс Кредит и СОС Детско село на 7 мај, во просториите на Флекс Кредит, го потпишаа договорот за понатамошна соработка. Со тоа, двете организации по трет пат го формализираат своето партнерство, потврдувајќи ја заедничката посветеност на поддршка на децата без родителска грижа и социјално загрозени семејства.

Оваа година, првиот дел од договорот предвидува финансиска поддршка во износод 300.000 денари, наменета за директно финансирање на програмските активности на СОС Детско село. Покрај оваа донација, Флекс Кредит останува посветен партнер и преку дополнителни ангажмани и иницијативи кои, иако не се изразени со конкретна финансиска вредност, имаат длабоко и долгорочно влијание врз заедницата.

„Секоја година, ова партнерство станува посилно и поисполнето. За нас во ФлексК редит, општествената одговорност не е само бврска, туку искрена и долгорочна посветеност кон иднината на децата. Горди сме што СОС Детско село е наш доверлив и посветен партнер,“ изјави генералната директорка на Флекс Кредит, Јоана Спасовска.

Соработката помеѓу Флекс Кредит и СОС Детско село претставува пример за одржливо и искрено партнерство меѓу приватниот сектор и граѓанските организации, насочено кон создавање подобри услови за раст и развој на децата во Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Успешно заокружен првиот циклус од Лидерската академија на Flex Group: Стратешка инвестиција во развој на менаџерскиот кадар

Стратешка експанзија на Flex Group: Влегуваме на пазарот за софистициран внатрешен дизајн со Kave Home

Едукација под отворено небо и поддршка за згрижувачките куќи: Нова заедничка активност на Flex Credit и СОС Детско село

Ново инклузивно мултифункционално спортско игралиште во Куманово – инвестиција во младите и заедницата

Нов дом за желките Sulcata во Скопје ЗОО: Инвестиција на Flex Credit за поубаво искуство на најмладите

Flex Group ја лансира Flex Group Leadership Academy – стратешка иницијатива за развој на лидерството во организацијата

Катерина Ѓуровски