ФФРМ: Рекорден род на пченицата ако има дожд и кон крајот на мај

Од:

Земјоделците очекуваат рекорден род на пченицата ако временските услови се подобрат и доколку повторно заврне дожд кон крајот на мај.

Како што оцени денеска новото раководство на Федерацијата на фармери (ФФРМ), годинава е превлажна за житото, но нема проблеми со класот и посевите. Сепак, се доцни со заштитното прскање.

– Дождовите што ја зафатија Македонија деновиве може да предизвикаат појава на вид штетник кој го јаде листот. Затоа треба да се реагира веднаш кога времето ќе се поправи, да се испрска со пестициди и инсектициди, рече на прес-конференција Мемет Синани, производител на пченица од Полошко и заменик претседател на ФФРМ.

Федерацијата на фармери смета дека преговорите со преработувачите за откупот на пченицата треба да почнат поскоро, најдоцна идниот месец, за да нема никакви проблеми и да се постигне оптимална цена за двете страни.

Претставувајќи ги активностите за следните две години, претседателот на ФФРМ Никола Стаменов подвлече дека договорното производство, организираниот пласман, соработката со државните институции, банките и осигурителните компании, остануваат приоритет.

– Без договорно производство и организиран пласман нема напредок во земјоделството. Клучно е и што поинтензивното вклучување на младите, како и на жените фармери во агросекторот, нагласи Стаменов кој уште еднаш ја потенцира потребата од осигурување на посевите што мора да биде, рече, обврска на секој земјоделец.

Би можело да ве интересира

Федерацијата на фармери одбележува 15 години постоење

Ана Ололовска

ФФРМ го одбележува Меѓународниот ден на руралната жена

Ана Ололовска

ФФРМ бара средба со Николовски за проблемите во производството на јаболка

Ана Ололовска

ФФРМ бара 17 денари за „вранец“ и 16 денари за „смедеревка“’

Ана Ололовска

ФФРМ: Минимална цена за пченицата 12 денари, поддршка за интервентен откуп

Ана Ололовска

ФФРМ: Да се најде начин за исплата на субвенциите и обесштетување

Ана Ололовска