„Ендава“ планира да вработи уште 200 лица во Македонија

Од:

Британската ИТ компанија „Ендава“ ја одбележува тригодишнината од отворањето на нејзината канцеларија во Скопје во која во моментов работат 190 лица, а се планира до 2020 година нивниот број да достигне до 400.

– За три годинина направивме многу и изградивме силна компанија во Македонија во која има стручни лица кои имаат желба секојдневно да го надградуваат своето знаење. Се трудиме да бидеме успешни бидејќи нашиот успех носи успех и на нашите клиенти, рече Илија Господинов, управителот на „Ендава“ во Македонија на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека канцеларијата во Скопје соработува со повеќе од 70 клиенти од целиот свет од кои најголемиот дел се од западна Европа и северна Америка.

Менаџерот на „Ендава“ во Македонија Реми Саву истакна дека искусни ИТ експерти и дипломирани студенти имаат можност за одлична кариера и постојан развој во компанијата во Скопје. Тој посочи дека компанијата нуди програми за пракса за ИТ кадри, за дипломирани студенти и за професионална преквалификација и има интерна платформа за обука и програма за кариерен план за секој од вработените. За отворање канцеларија во Македонија, како што кажа, се одлучиле бидејќи во има околу 5.000 инженери и секоја година се продуцираат по 500 нови.

„Ендава“ е привата ИТ компанија основана во 2000 година како европска инвестиција. Во неа работат повеќе од 4.000 лица на 14 локации во Европа и Америка. Продава ИТ решенија за клиенти во областа на финасии, осигурување, телекомуникации, медиуми, технологија и малопродажба. Во Македонија компанијата отвори канцеларија во 2014 година со 28 вработени, во 2015. нивниот број се зголеми на 111, а во 2016 година достигна до 150.

Би можело да ве интересира

Катарците заинтересирани за соработка во македонски компании

Емир Латифовиќ