Приказната за млади професионалци со големи идеи и јасни цели, кои минуваат низ патот на успехот, за факултети.мк ја раскажува Дарко Гацов.
Singular Group е Грузиска компанија која е основана во 2010 година.Три години подоцна, Singular е најбрзо растечка и една од најголемите компании за софтверски апликативни иновации и апликации во целиот Кавказиски регион со 50 вработени и интернационални амбиции и можности.
Компанијата зад себе има повеќе од 200 успешни проекти со глобални корпорации како и со најголемите Грузиски компании. Покрај тоа што е воспоставена партнерска соработка со најголемата банка во Грузија – Bank of Georgia, како и со Владата на Република Грузија, Singular во своето портфолио на соработки има и компании од рангот на Samsung, Nokia, Sony Ericsson, Adobe и Vodafone.
„Singular има посебен план за македонскиот пазар – да отвори втора главна база за развој во Скопје. Компанијата оперативно ќе започне со работа во почетокот на август, прво со 6 работници, за тимот до крајот на годината да се зголеми на 20 вработени.
– Стратешката цел е компанијата во Скопје да стане примарна база на Singular во текот на четвртиот квартал на 2014-та година и да има 50 амбициозни професионалци кои со своите идеи, знаење и можности ќе ја позиционираат компанијата меѓу првите 5 резидентни фирми во групацијата”, вели управителот на македонската компанија, Дарко Гацов.
Наскоро Singular ќе ги објави потребните вештини и профилите на професионалците кои ќе бидат барани како услов за вклучување во ТИМОТ на компанијата.
Singular Group професионално се фокусира на три различни сфери – банкарскиот сектор, развој на facebook социјални апликации и игри и развој на игри на среќа.
Singular е посебно успешен во сферата – развој на игри на среќа. Компанијата го има најдобриот софтвер за спортско обложување во регионот со којшто на пазарот работи најголемиот оператор – adjarabet.com. Составен дел на портфолиото продукти на Singular се и првата онлајн слот игра во регионот, како и најдобрите P2P игри на локално и интернационално ниво.