Филозоф e нов управител на „ЕЛЕМ турс“

Од:

Нов управител на „ЕЛЕМ ТУРС“ е Џемаиљ Јусуфи, дипломиран професор по филозофија.

Јусуфи доаѓа од Државниот универзитет во Тетово. Долги години работел како раководител за правни, административни, технички и општи прашања.

Инаку, „ЕЛЕМ ТУРС“ е Друштво за туризам, угостителство, рекреација и спорт кое е основано од АД „ЕЛЕМ“ со основна дејност да стопанисува со ски-центарот „Попова Шапка“ и хотелите „Попова Шапка“ и „Славија“ на Попова Шапка, ски центарот „Копанки“, и хотелот „Молика“ на Пелистер, автокампот „Ливадишта“ во Радожда, одморалиштето „Свети Стефан Охрид“, одморалиштето „Дојран“ и Планинска куќа „Маврово“.

Би можело да ве интересира

Владата бара чаре за Попова Шапка, можно е „Елем турс“ да функционира како самостоен субјект

Жарко Настоски