Дуинг Бизнис: 22 позиција за Македонија како бизнис дестинација

Од:

Македонија годинава е рангирана на 22. место од 180 држави на листата на годишното истражување „Дуинг бизнис“ на Светска банка. Според истражувањето Македонија остварила значаен прогрес во неколку од полињата и затоа го подобрила својот генерален ранг за 12 позиции.

Највисоко позиционирање, земјава има во категоријата „отворање бизнис“ и тука е рангирана на 6-тото место, едно пониско од минатата година кога беше петта.

Според истражувањето Македонија бележи напредок за 86 места кај издавањето и добивање дозволи за градба. Годинава земјава се најде на 61 место за разлика од лани кога бевме на 147 позиција во оваа категорија.

Има подобрување и кај регистрирањето на имот и кај пристапот до кредити.

Најлошо е рангирана кај енергетиката, што ги опфаќа процедурите за снабдување со електрична енергија и приклучување на мрежа за секој нов бизнис. Тука Македонија е рангирана на 121-та позиција

Според ранг-листата во категоријата „заштита на инвеститорите“ Македонија годинава има пад за само едно место и е рангирана на 17 позиција. Кај даноците има пад од 2 места и годинава во тој дел Македонија е рангирана на 26-тото место и повторно има висок пласман.

Единствена категорија кај која анкетираните покажале дека нема промени е „справување со солвентноста“, и тука е задржана 55-та позиција.

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

До крај на годинава повеќе од милијарда евра директни странски инвестиции, најави Мицкоски

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски