Дрекслмаер Македонија најдобра фабрика според реномираниот FDI Magazin

Од:

Фабриката на германската компанија Дрекслмаер што се гради во Кавадарци е прогласена за најдобра во категоријата производство од страна на  fDi Intelligence, специјализирано издание на Financial Times за сите области поврзани со странските директни инвестиции и промоција на инвестициите во светот.

Фабриката во Македонија е прогласена за најдобра во рамки на годишната едиција FDI Top Projects of the year 2012 – Investment that broke ground.

Следејќи повеќе од 16.000 гринфилд проекти во светот номинирани за 2012 година, електронското издание на престижниот ФДИ Магазин – fDi Intelligence за февруари и март годинава ги прогласи победничките проекти во повеќе сектори и категории.

Од Кабинетот на министерот за странски инвестиции Веле Самак денеска соопштија дека фабриката на германски Дрекслмаер во Кавадарци за производство на кабелски инсталации наменети за автомобилската индустрија е избрана за најдобра пред бројни и угледни конкуренти како што се Mercedes-Benz која се гради во Унгарија, фабриката на Yazaki во Бугарија, Bosch во Романија како и многу други.

Инвестицијата на Дрекслмаер во Македонија е со вредност од над 30 милиони евра и треба да овозможи 4.000 нови вработувања. Одлуката за инвестирање беше донесена по повеќе месечни преговори со министерот Самак во декември 2011 година. Во Кавадарци веќе работат над 560 вработени кои за потребите на Даимлер и новата Мерцедес C-класа извезуваат за повеќе европски дестинации.

Министерот Самак очекува, според динамиката на работ,а до крајот на годината да се достигне бројка од над 1.000 вработувања.

– Фактот дека фабриката во Кавадарци е прогласена за победник од страна на светски реномираниот fDi Intelligence во конкуренција со такви престижни и познати компании не прави навистина горди и е вистински показател за трудот кој го вложуваме и посветеноста со која работиме, изјави Самак.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ