Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на РМ дел од Бизнис клубот на општина Гази Баба

Од:

Вчера во Скопје се одржа состанок на Бизнис клубот во општина Гази Баба на кој присуствуваше Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на РМ, Дарио Николовски. Заедно со членовите на Бизнис клубот, претставници на најголемите компании од општината, Алкалоид, Пивара Скопје, Макстил, Промес, Виталиа и многу други, дискутираа за развивање на многу аспекти од интерес на деловниот сектор на РМ.

Агенцијата работи во насока на обезбедување на странски директни инвестиции но и промоција на извозот, со што ќе се поттикнува економскиот раст и развој во Република Македонија. Во таа насока се и новите мерки на Владата на РМ за поддршка на малите и средни претпријатија како и промоција на извозот, а општината Гази Баба работи активно на тоа поле преку овој Бизнис клуб.

„Унапредување на инфраструктурата, промоција на локалната екомомија, поддршка и интернационализација на компаниите од оваа општина како и пренесување на искуства и know-how за поголем успех на компаниите на странските пазари и на домашниот како добавувачи на странските инвеститори е она што е од заеднички интерес на јавниот и приватниот сектор и ние ќе продолжиме да работиме за оставарување на тие заеднички цели.“– изјави Николовски.

Бизнис клубот е формиран со цел општината да има поблиска комуникација со бизнис секторот, и од него да произлезат конкретни предлози и идеи за заедничка соработка.

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

До крај на годинава повеќе од милијарда евра директни странски инвестиции, најави Мицкоски

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски