Денеска ќе се знае дали осмиот тендер за продажба на „ОХИС“, ќе биде успешен.
Од четири подигнати тендерски документации има само една понуда. На повикот што заврши вчера, тендерска докуметанција достави само бугарската компанија „Раикомерц“ која се занимава со градежништво и конструкции.
Доколку повторно пропадне тендерот, објасни министерот за економија Ваљон,Владата нема да се откаже од продажбата на ОХИС.
„Сигурно дека ќе најдеме друг начин, ќе го смениме моделот уште еднаш или, пак, ќе објавиме уште еден тендер за ОХИС. Ставот на Владата е во никој случај да не прифатиме понуда која ќе ја наруши социјалната димензија на работниците“, рече Сарачини.
И на осмиот тендер ОХИС беше понуден за почетна цена од 14 илјади евра и можност за купувачот спогодбено да ги отпушти над 800. вработени по склучувањето на договорот за продажба.