Во изминатите неколку денови се појавија неточни информации во некои медиуми дека Volkswagen Group ќе престане да произведува возила од брендот SEAT.
И покрај овие неточни информации, SEAT е посилен од кога било. Побарувачката за SEAT е на многу високо ниво и продажбата забележува пораст од 18%, достигнувајќи скоро 200.000 продадени возила. Продажбата и побарувачката остануваат високи поради многу добриот сооднос цена-перформанси и модерен дизајн. Ова се должи на зголемувањето на нарачките и на фактот дека производството на SEAT се врати на нивоата пред пандемијата. Најбараните модели на SEAT, Ibiza, Aronа и Leon достигнуваат рекордна побарувачка.
Томас Шефер – извршен директор на Volkswagen, член на бордот на директори на Volkswagen Group, на својот LinkedIn профил, демантираше: „И покрај неточните информации што ги објавија некои медиуми, брендот SEAT е посилен од било кога.“
SEAT S.A. продолжува да ја развива иднината на брендот SEAT. SEAT ќе продолжи да произведува plug-in хибриди и ефикасни мотори со внатрешно согорување во иднина – до крајот на производниот циклус на моторите со внатрешно согорување, според европските закони. Планирано е моделите SEAT Ibiza, Arona и Leon да добијат значителни промени и брендот во иднина ќе понуди нови можности за електрична мобилност.
ПР Текст