Бизнис презентација на Македонија во Велика Британија

Од:

Делегација предводена од вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески престојува во Велика Британија каде што ќе ги презентира поволностите за инвестирање во Македонија.

Во состав на делегацијата се и министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак и директорот на Агенцијата за привлекување странски инвестиции Висар Фида.

Предвидено е презентации да се одржат пред бизнис заедниците во Ливерпул, Лидс, Шефилд и Лондон. На британските бизнисмени ќе им биде презентирана климата за водење бизнис во Македонија и поволната даночна политика со најниски даночни стапки во Европа, соопшти Министерството за финансии.

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

До крај на годинава повеќе од милијарда евра директни странски инвестиции, најави Мицкоски

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски