Binance ќе ја организира првата средба со корисници во Сараево, следната средба е во Скопје

Од:

Binance, водечката светска криптовалутна берза, го најавува првиот Binance Community Meetup – средба со корисници во Босна, Сараево. Овој настан ќе биде уникатна можност за членовите на крипто заедницата да се сретнат со претставници на Binance, да ги истражат најновите трендови во индустријата и да разговараат за иднината на дигиталните средства, и во регионот и на глобално ниво.

Првиот Binance Meetup во Босна е закажан за 12 февруари, од 17:00 до 21:00 часот во Хотел Хилс, Бутмирска цеста 18, Илиџа, Сараево. Следниот настан е најавен за Скопје.

„Нашите корисници и заедницата се во суштината на нашите вредности. Редовно организираме заеднички состаноци ширум светот и со задоволство најавуваме дека следниот месец ќе го одржиме првиот состанок во Скопје. Следете нè за повеќе информации“, изјави Сандро Слукан, одговорен за маркетинг за Балканот во Binance.

Присуството за средбата во Сараево е бесплатно, но поради ограничените места, потребна е предрегистрација на овој линк.

За време на средбата, присутните не само што ќе можат да добијат преглед за последните продукти и иницијативи на Бајнанс, туку ќе имаат можност да учествуваат во доделување награди, ќе добијат ексклузивни промотивни производи и ќе имаат можност за средби и контакти со останатите членови од крипто заедницата.

Binance продолжува да го поттикнува растот на глобалната крипто заедница преку обезбедување пристап до релевантни информации, иновативни производи и можности за вмрежување во крипто индустријата.

Би можело да ве интересира

QUANT, TRUMP и DOGE: Мемекоини од тинејџерска шега до општествен феномен

A1on