Баварски компании заинтересирани за бизнис-соработка со домашните фирми

Од:

Баварски компании се запознаа со условите за водење бизнис во Македонија. Обновливите извори на енергија, особено делот мали хидроелектрани, автомобилската индустрија и машинството се најатрактивни за соработка со нашите фирми.

– Воодушевени сме од Македонија. Ги видовме трговските развојни зони и бевме запознаени со политиката за поттикнување странски директни инвестиции. Македонската Влада навистина се труди да создаде конкретни услови за водење бизнис, рече Улрике Волф од баварското Министерство за економија на денешната прес-конференција.

Според неа, меѓу потенцијалните сектори за соработка е и здравствениот сектор во делот модернизирање на болниците.

– Првиот чекор не е реализирање инвестиција, туку воспоставување на врските меѓу компаниите. Ние тоа веќе го сторивме, истакна Волф.

Евидентни се, додаде, напорите на македонската Влада и во инвестирањето во инфраструктурата каде допрва се најавуваат уште вложувања.

Како што рече министерот Бил Павлески, германските компании се веќе заинтересирани за детали пред евентуалното одлучување да инвестираат во земјава.

– Од соработката со нив многу брзо очекуваме конкретни резултати, напомена Павлески.

Тој до крајот на овој месец ќе престојува во Нирнберг на манифестацијата „Инвестирајте во Македонија“ каде пред тамошните заинтересирани компании ќе ги презентира поволностите за водење бизнис.

Во Македонија од вчера престојуваат претставници на 16 компании од Баварија. Некои, главно од секторот мали хидроелектрани, доаѓаат вторпат за една година.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ