Балтичките земји сакаат да ја забрзаат изградбата на морски ветерници

Од:

Во период на енергетска криза во Европа, шефовите на владите на осумте балтички земји во Копенхаген се договорија за големо проширување на енергијата на ветрот.

„Земјите вклучени во договорот сакаат седумкратно да ги зголемат своите морски капацитети на речиси 20 гигавати до 2030 година“, се наведува во заедничкото соопштение.

Заедно со лидерите на Данска, Финска, Естонија, Летонија, Литванија и Полска, договорот го потпишаа и германскиот канцелар Олаф Шолц и шведската премиерка Магдалена Андерсон.

„Посветени сме на зајакнување на нашата енергетска соработка и енергетска отпорност“, се вели во договорот.

Досега овие земји бараа побрзи процедури за одобрување на проекти за енергија од ветер. Потенцијалот на ветерните електрани на Балтичкото Море е вкупно 93 гигавати.

На енергетскиот самит отпатува и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Енергијата на ветрот во Балтичкото Море би можела да ја покрие потрошувачката на енергија на шест милиони домаќинства до 2030 година“, рече таа.

Во мај, Данска беше домаќин на самитот за енергија од ветер во Северното Море.

Во тоа време, Шолц и неговите колеги од Данска, Белгија и Холандија се согласија да ги зголемат своите морски капацитети до 2030 година за четири пати, достигнувајќи вкупно 65 гигавати.

До 2050 година капацитетот во Северното Море треба да се зголеми на 150 гигавати.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Балтичките земји ја повикаа ЕУ да изгради одбранбена линија со Русија и Белорусија

Горан Наумовски

Русија воведе санкции против поединци од балтичките земји

Руски амбасадор: Западот ги вооружува балтичките земји со оружје кое може да го таргетира Св. Петербург

А1он

Балтикот затворен за Русите кои бегаат од мобилизација: „Нема доволна основа за добивање азил во друга земја“

А1он

Балтичките земји и Полска го забранија влезот на руски државјани

Ана Ололовска

Балтичките земји и Полска бараат поголемо присуство на НАТО на нивна територија

А1он