Апостолска и Шапуриќ ќе учествуваат на конференција за размена на претприемничко учење за одржливост на малите и средни претпријатија

Од:

Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска и министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, Зоран Шапуриќ ќе имаат свои обраќања на конференција на Иницијативата за размена на претприемничко учење за одржливост на малите и средни претпријатија, која ќе се одржи утре со почеток во 9:45 часот во хотелот Александар Палас, во Скопје.

Конференцијата е во организација на Македонско-Бугарската стопанска комора и произлегува од заедничка иницијатива на 6 организации од балканско-медитеранскиот регион, од 4 земји – Македонија, Албанија, Бугарија и Грција.

Главната цел на иницијативата е да се зголемат компетенциите за одржлив бизнис и иновации (особено меѓу МСП и претприемачи) во секторот за угостителство на Балканот и Медитеранот, преку развивање на ефективни заедници за учење и пракса, алатки за учење и заеднички образовни понуди со цел зајакнување на секторските вештини за одржливост и усвојување на технолошки и менаџерски иновации.

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

До крај на годинава повеќе од милијарда евра директни странски инвестиции, најави Мицкоски

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски