Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска и претставник на Фондот за иновации и технолошки развој денес реализираа работна средба со претставници на бизнис заедниците од општините Делчево, Берово, Македонска Каменица и Пехчево.
Стопанствениците од овој регион, на средбата која се одржа во општина Делчево, се запознаа со владините мерки за стимулирање на вложувањата на домашните компании во нови проекти и технолшки развој, во проширување на производствените капацитети, во градењето на деловни релации со успешни странски комапнии, како и во освојувањето на нови пазари. Беа претставени и инструментите за поддршка на технолошкиот развој кај микро, малите и средните компании, кои се реализираат преку Фондот за иновации и технолошки развој, како и актуелните повици за финансиска поддршка на новоосновани старт-ап и спин-оф компании.
„Конкретизацијата на намерите на Владата на Република Македонија за стимулирање на нови инвестициски циклуси во стопанството, се реализираше со потпишувањето на Договори за државна помош со 100-тина компании, кои ги препознаа економските перспективи кои ги отворивме со Планот за економски раст. Овие компании до 25 декември годинава, согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите, може да ја очекуваат исплатата на финансиската поддршка за реализираните инвестиции во 2017 година“, рече министерката Апостолска, притоа нагласувајќи дека Владата и наредната годината продолжува со активно спроведување на овие мерки.
„И наредната година подолжуваме со силната поддршка на конкурентноста на приватниот сектор. Во Буџетот за 2019 годна предвидовме за 37% повисока финансиска поддршка за инвестиции. Ќе добиете силна поддршка во вашите напори за освојување на нови пазари, за воведување на иновативни елементи во вашата дејност, за креирање на нови и добро платени работни места, технолошкиот развој и истражувањата кои ќе ги ставите во функција на развој на вашите компании исто така ќе бидат поддржани“, порача министерката Апостолска.