Анѓушев: Над 150 милиони евра ќе донесат три нови странски инвестиици кои влегуваат во земјава

Од:

Повеќе од 150 милиони евра ќе тежат трите нови странски инвестиции што ќе почнат да се релизираат во земјава, најави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев во вечерашното интервју на националната телевизија.

„Една од новите инвестции што ќе се реализира е Локотранс, а договорот помина вчера на Влада и ќе биде надвор од ТИРЗ, ќе прави фабрика за шински возила. Втората компанија е од ИТ секторот од Бугарија околу 44 милиони евра и третата е Дура, која дефинитивно реши да инвестира со две нови фабрики. Овие производствени капацитети Дура планираше да ги направи во Чешка, а се за за екструзија за алуминимумски профили за автомобилска индустрија и за шасии за автомобили каде што ќе бидат имплементирани батерии за електрични возила. Тоа се инвестиции над 100 милиони евра.“ изјави Анѓушев.

Тој посочи дека во изминативе две и пол години во државава имаше тешки политички теми за решавање, па бројките во економијата не беа доминантни, иако се одлични.

„ За странските директни инвестиции во периодот од 2017 до 2019 година има 741 милион евра, во периодот од 2015 до 2017 има 550 милиони. Или во последниве 2 години има 33,5% повеќе од претходните две. Во периодот од 2013 до 2015 има 7 потпишани договори и 6 пуштени фабрики, од 2015 до 2017 има 7 потпишани договори.Во периодот од 2017 до 2019 година има 22 потпишани договори и 12 пуштени фабрики.“, изјави Анѓушев.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ