Американските авиокомпании бараат укинување на тестирањето за вакцинираните против Ковид

Од:

Американските авиокомпании и туристичките агенции во средата побараа од владата на претседателот Џо Бајден да ја укине обврската за вакцинираните патници да покажат негативен тест за коронавирус за да можат да влезат во Соединетите Американски Држави, со цел закрепнување на туристичкиот сектор.

„Закрепнувањето на секторите за туризам и воздушен транспорт зависи од одлуката на владата да ги укине ограничувањата кои повеќе не се оправдуваат со сегашните околности“, напишаа околу 30 професионални здруженија во писмо до координаторот за борба против Ковид-19 во Белата куќа, Џефри Зиентс.

Еден од потписниците, „Ерлајнс фор Америка“, лоби група што ги застапува компаниите како „Американ ерлајнс“, „Делта ерлајнс“ и „Јунајтед ерлајнс“, го објави писмото на својата веб-страница.

Трите компании неодамна предупредија дека Омикрон верзијата на новиот коронавирус, која е многу заразна, но помалку опасна, ќе го одложи закрепнувањето за еден до два месеца.

Би можело да ве интересира

Конгресот ги укина барањата за вакцинација против Ковид за странските патници

Ентони Фаучи, советникот на Бајден за ковид, позитивен на коронавирус

САД: Бројот на случаи на Ковид-19 е тројно зголемен за еден месец

Рекордни 1,13 милиони новозаразени со Ковид-19 за 24 часа во САД

САД го преполовија рокот за изолација за Ковид

Над 100 милиони случаи на заразени со Ковид-19 на американскиот континент од почетокот на пандемијата