Жан-Патрик Конрад, годинешен добитник на наградата „Гоцева мисла’

Од:

Во пресрет на 4 февруари, роденденот на Гоце Делчев, годинешната меѓународна награда „Гоцева мисла“ му се доделува на Жан-Патрик Конрад, претседател на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите со седиште во Париз (Франција). Наградата ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“.

Досегашни добитници на наградата „Гоцева мисла“ се: Златко Крамариќ (Хрватска), Олга Панкина (Русија-Македонија), Даниела Костадиновиќ (Србија), Тања Попова (Бугарија), Звонко Танески (Македонија-Словачка), Волф Ошлис (Германија), Горан Калоѓера (Хрватска), Сабахудин Хаџиалиќ (Босна и Херцеговина), Лилјана Јанаќковиќ (Србија), Ресул Шабани (Македонија), Суат Енѓулу (Турција), Елка Наголова (Бугарија) и Ристо Василевски (Македонија-Србија).

Наградата се доделува во чест на роденденот на Гоце Делчев и неговата знаменита мисла „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“. Доделувањето на наградата е во рамките на традиционалната меѓународна манифестација Фестивал на чајот и читањето, од 15 јануари до 15 февруари 2019 година.

Би можело да ве интересира

Наградата „Гоцева мисла“ за Зафир Хаџиманов, Вања Ангелова и Миле Топуз

Ана Ололовска