Врачена наградата „Григор Прличев“ на лауреатот Стево Симски за неговата поема „Таинството на богомилите“

Од:

Големо е чувството на радост кога се добива наградата што го носи името „Григор Прличев“, особено тука во градот на македонската светлина, на македонската култура, духовност, државност, просветителството…градот Охрид што е лулката на плејада личности значајни за сите сегменти од растежот на Македонија. Особено ме гордее што оваа година ја добиваам наградата за поема во светлото на големиот Прличев, кажа Стево Симски, годишен добитник на наградата за најдобра поема „Григор Прличев“.

За поемата како посебен литературен израз Симски рече дека е „своевиден роман, движење, ликови, состојби“.

Овојпат со поемата „Таинството на богомилите“ сакав да чепнам малку во она што сме го подзаборавиле, тоа е женската енергија. Женската енергија што ранохристијанството ја прави, се потврдува овде во Охрид со прекрасниот храм на Света Софија, како олицетворение на светата мудрост, рече Симски.

За неговата наградена творба „Таинството на богомилите“ жири-комисијата оцени дека се работи за значајно поетско остварување, што со самиот наслов преку асоцијативност авторот открива проблематика што умешно комуницира со мошне важни сегменти од македонската историска стварност, со корените на словенската писменост.

 

Би можело да ве интересира

На поетот Зоран Анчески му беше врачена наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2022 година

Ракописот „Цветко“ добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2021 година